Лимоновото дрво воодушевува со својот изглед, цвет, убавиот мирис и убавата жолта боја на плодовите. Исто така, нè потсетува на лето и одмор, нешто за што во моментов толку многу копнееме. Сега можете и сами да одгледувате лимони дома, на балкон или во градина.
Рака на срце, нема веднаш да уживате во цветот или во плодовите. Морате да бидете трпеливи. Но чувството е прекрасно кога набљудувате како расте некоја билка која сами сте ја одгледале.
Како да одгледате дрво од лимон
Потребно ви е:
– земја за цвеќе
– тегла за цвеќе
– подлошки
– проѕирна фолија
– прскалка за наводнување