Дејл Меклафлин од Ајршир на југот на Шкотска се вљубил во септември додека работел на островот Ман
Како во филм, Шкотот изнајми џет-ски и го возеше по немирното море до островот Ман, а потоа пешачеше со часови за да ја види својата девојка. Сепак, полицијата го уапси и го стави во затвор затоа што ја прекршил мерката забрана за движење поради корона вирусот.
Дејл Меклафлин од Ајршир на југот на Шкотска се вљубил во септември кога работел на Островот Мен. Кога му истекол договорот, 28-годишникот очајно сакал да ја види својата девојка, но строгите мерки поради коронавирусот го спречиле во тоа. Имено, властите на Островот Ман, кој е близу до Шкотска, забранија доаѓање на луѓе кои не се постојани жители.
Во еден момент на очај, Меклафлин решил да изнајми џет-ски што никогаш не го возел и се упатил на островот оддалечен 40 километри. Тој пресметал дека ќе му требаат 40 минути да стигне до својата дестинација, но преминувањето на турбулентното море предизвика патувањето да се одолговлекува повеќе од четири часа, пренесува ВВС.
Кога пристигнал на островот, одел 24 километри до куќата на девојката. Излегоа и лудо се забавуваа во ноќните клубови, но потоа полицијата го виде и го уапси, бидејќи тој дошол нелегално на тој остров.
Судијата го осуди на еден месец затвор затоа што „свесно и намерно ги прекршил мерките за lockdown-от“, иако неговиот бранител апелираше до судијата да биде милостив, бидејќи Меклафлин беше во депресија.