Малиот Курасао е потполно осамен и ненаселен остров на Карибите.
Без оглед на тоа што е слабо развиен, тој е многу популарен кај туристите кои уживаат во мирни одмори и истражување на обалата.
Југоисточно од островот Курасао, на оддалеченост од само 24 километри се наоѓа Малиот Курасао, бајковито место кое претставува вистински рај за нуркачите.
Коралните гребени и подводните пештери се симболите на овој остров, а се вели дека има и преку 60 во овој појас.
Малиот Курасао е потполно неразвиен, без инфраструктури кои привлекуваат многу туристи, што значи дека активностите се прилично ограничени. Можете да уживате на преубавите песочни плажи, а под сончевите зраци да ја набљудувате дивата природа.
Меѓутоа, многумина не знаат дека ова место со себе носи мрачна историја.
Островото играл значајна улога во трговијата со робови во 17-ти и 18-ти век, каде што болните робови ги сместувале во карантин. Објектите каде што тие живееле сѐ уште можат да се видат и денес.
Јужниот дел од островот е препознатлив по гробниците – гробишта со жртви од бродоломи, кои биле чести на овој предел заради големите невремиња.
Малиот Курасао не е толку познат остров, но поединечни туристи го посетуваат токму поради оваа историја, како и преубавата природа и можностите за нуркање.