Неносењето градник ги зголемува градите? Еве што вели науката за тоа

popara5 август, 20201min00
bra-1140x570

Носењето градник е личен избор. Ако ви стана мачно, напорно и непријатно да носите градник, проверете дали носите вистинска големина. Еден добар и правилен градник не треба и не смее да ви биде непријатен. Нема научно истражување за да докаже дека треба (или не треба) да носиш градник, но има голем број на митови кога станува збор за тоа. Подолу решивме да ги разложиме најчестите и најпознатите од нив.

Жиците од градник предизвикуваат рак на дојка

Можеше да чуете за митот за жиците и за нивната поврзаност со ракот на дојка од познаници, блиски луѓе и да прочитате за тоа на Интернет. Аргументот што го поддржува овој мит е дека жицата од градниот ја блокира и притиска на лимфата, а со тоа влијае на формирање на тумори. Иако често ќе го слушнете ова, нема научни истражувања кои покажуваат врска помеѓу развојот на карцином на дојка и носење градник со жица. Д-р Дебора Ведерспун потенцира дека добар градник никогаш не треба да предизвика болка. Ако тоа го чувствувате, променете го.

Градите предизвикуваат виснати градите

Пред неколку години, францускиот научник Жан-Денис Руилон објави 15-годишна студија во која е „докажано“ дека жените што носат градник имаат поголема веројатност да имаат виснати гради. Неговото истражување брзо стана вирално, но беше побиено од бројни научници. Како прво, истражувањето на Руилон не е разгледано од други научници, ниту е објавено во ниту едно медицинско списание, а тоа во голема мерка го намалува неговиот кредибилитет. Она што е исто така важно да се напомене е фактот дека помеѓу 100 и 300 жени кои не биле постари од 35 години биле вклучени во студијата. Ова значи дека повеќето од нив не доживеале природни виснати гради, што се предизвикани од губење на колаген и намалена еластичност на кожата што доаѓа со возраста.

Неносењето градник е поврзано со промискуитет

Многу луѓе, и покрај тоа што живеат во 21 век, ќе коментираат дека жените кои ја напуштаат куќата без градници, испраќаат порака за сопствената промискуитет. Изборот, количината и полот на сексуалните партнери, исто како и неносењето градник, се ваш сопствен избор што во никој случај не е поврзан.

Неносењето градник го поттикнува растот на градите

Нема научно истражување што докажува дека големината на градите е поврзана со носење градник. И покрај митовите и теориите, напротив, научниците велат дека големината на градите се менува со исхраната и вежбањето. Ако сакате да ги зголемите градите, треба да знаете дека неносењето градник не е еден од начините како може да го направите тоа.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag