Потребни состојки:
1 јајце
3 dcl овесна каша
3 dcl интегрално брашно
1 dcl кафеав шеќер
1 ванилин шеќер
1/2 прашок за пециво
80 гр ситно сецкани бадеми
2 помали банани
150 гр путер
1-1,5 лажичка цимет
Малку суви кајсии
Подготовка: Испасирајте ги бананите со вилушка, исецкајте го путерот на парчиња, исечете ги бадемите во блендер и ситно исецкајте ги кајсиите. Комбинирајте ги останатите состојки со претходните и рачно измешајте ја целата смеса.
Колачињата се препорачува да ги обликувате со рацете. Смесата ќе биде малку помека заради бананите, па затоа, кога положувате на хартија за печење, можете да користите лажица за да добиете форма. Печете ги колачињата 10 до 12 минути на 180 ° С.