Том Круз не може да го дочека снимањето на седмото продолжение на „Невозможна мисија“ и е подготвен да инвестира големи пари за да се врати на снимање што е можно поскоро.На актерот Том Круз (57) многу тешко му паѓа одложувањето на снимањето на филмот „Невозможна мисија 7“, што ќе даде се од себе за да продолжи што е можно поскоро.Имено, Круз планира да изгради импровизирано село во напуштена област во Оксфордшир, Англија, пишува “Daily Mail”. За време на снимањето, Том и неговите колеги би останувале во луксузни камп приколки за да се заштитат од корона вирусот. Објавувањето на акциониот филм „Невозможна мисија 7“ е одложен од јули 2021 за ноември 2021 година, откако актерската екипа мораше да го премести сетот од Венеција во Велика Британија заради пандемијата на корона вирусот. Кога безбедноста и здравствената состојба се влошија, снимањето на филмот беше прекинато.
„Филмот е доста одложен и нема индикации дека работите наскоро ќе се вратат во нормала, така што ова е начинот да се започне со снимањето побрзо и побезбедно“, рече изворот.
Тој додаде дека сето тоа ќе биде скапо, но дека Круз има голема мотивација да започне со снимањето што е можно поскоро. „Тој ги прави сите работи на поинаков и подобар начин од другите, а овој филм му значи многу. Претходните делови од филмот беа хит во кината и тој сака да се врати на снимањето што е можно поскоро“, рече изворот.