Незадоволни сте од изгледот на вашиот нос? Ова се вежби кои можат да ви помогнат да го обликувате

popara30 јули, 20205min00
нос

Повеќето жени за кои велат дека се убавици, вклучувајќи ги моделите и филмските ѕвезди, имаат совршени локни, крупни очи, розеви усни и обликуван нос. Носот се наоѓа во средина на нашето лице и се чино дека е многу битен и прилично им го привлекува вниманието на луѓето.

Постојат многу начини со кои можете носот да го направите совршен. Можете да користите шминка или одредени комплицирани операции. Исто така можете да правите лесни вежби како би постигнале совршено обликуван нос.

Обликување на носот

Ова е вежба за жени кои секогаш се жалеле на обликот на својот нос. Ако редовно ја практикувате постојат шанси дека со текот на времето, обликот на вашиот нос ќе се промени.

Искористете ги показалците така што ги ќе ги притиснете двете страни на носот и силно издишете.

За најдобри резултати извршете притисок пониско на носот. Осигурете се да не издишувате премногу силно.

Оваа вежба повторете ја 10 пати.

Скратување на носот

Годините предизвикуваат многу промени и коските, ‘рскавиците и мускулите исто така се соочуваат со одреден терет. Оваа едноставна вежба нема да ви помогне само да го обликувате носот туку и ќе го спречи распаѓањето на ‘рскавицата.

Поставете го показалецот на врвот на носот, и нежно притиснете. Со помош на носот можете да направите притисок на прстот према надолу. Оваа вежба можете да ја правите секој ден, колку пати сакате.

Исправување на носот

Неверојатно е како природата нуди едноставни решенија. Ова е навистина еден од најдобрите. Едноставна насмевка може да ви помогне да го исправите носот.

Сè што треба да направите е да се смеете и потоа да ги користите прстите за да го потиснете носот нагоре. Ова ќе ви помогне да ги изградите страничните мускули на носот.

Направете ја оваа вежба 20 до 30 пати на ден за најдобри резултати.

Дишење

Јогата и вежбањето даваат големо значење на вежбање на дишењето. Длабоки вдишувања и издишувања имаат многубројни предности, а една од нив е обликување на вашиот нос.

Седнете удобно. Вдишете од едната ноздра, издишете од другата и задржете го здивот околу четири секунди. Потоа вдишете од таа ноздра и издишете преку другата додека не ја ослобдите ноздрата од која претходно сте вдишале. Повторете ја вежбата така што ќе вдишите од другата ноздра. Можете да направите три серии со 10 повторувања.

Мрдање на носот

Ова е веќе вежба за изградба на мускулот. Дефинитивно ќе ви помогне да ги исправите назалните мускули и да ви биде носот обликуван.

Се што треба да направите е да мрдате со носот додека лицето ви е потполно мирно. Направете го ова неколку пати, барем еднаш дневно.

Масажа на носот

Покрај дишењето и оваа вежба има многу предности. Можете да излечите било каква главоболка, покрај стеснувањето и обликувањето на носот.

Масирајте го секој дел од својот нос, почнувајќи од мостот, до врвот, а потоа странично. Бидете сигурно дека прстите ги движете во кружни потези.

Масирајте го својот нос 5 минута секојдневно и правете го тоа редовно за најдобри резултати.

Елиминирајте ја линијата од смеење

Со текот на годините. Линиите од смеењето стануваат се подлабоки и почнуваат да не изгледаат добро. Оваа едноставна вежба ќе ви помогне да ги елеминирате овие линии.

Се што треба да направите е да ја исполните устата со здив и преместувајте го здивот во сите правци во устата, задржувајќи се по пет секунди во секој правец. Откако ќе ги опфатите сите правци, испуштете го здивот. Правете го ова еднаш дневно.

Носот е најпредизвикувачката област за стилизирање и вежбање. Овие едноставни вежби ќе ви помогнат полесно да ги изградите мускулите на носот. Кога работите со нешто толку предизвикувачко, имајте на ум дека ќе ви треба подолго време за да постигнете резултати.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma