Познатата раперка ја објави добрата вест на својот Инстаграм профил, со тоа што сподели фотографија на која јасно се гледа труднички стомак, со оглед дека позира во бикини. Ники е бремена со сопругот Кенет Пети (42), кој се предаде на полицијата во март 2020 година, откако против него беше поднесена тужба на државно ниво. Имено, на 15 ноември 2019 година, полицаец го запрел и утврдил дека Пети е регистриран сексуален престапник во државата Њујорк, но дека тој никогаш не се регистрирал во Калифорнија како што е предвидено со закон, и покрај тоа што се преселил во Калифорнија четири месеци претходно.