31 годишната Петра, ќерка на британскиот предузимач и лидер на Формула 1, Берни Еклстон, во почетокот на март стана мајка на своето четврто дете, ќерката која ја доби со свршеникот Сем Палмер.
Сè уште не се знае името на малечката, а не се знае ниту како изгледа. Имено, Петра ниту едно од своите деца го нема покажано во јавност. Но, се случила грешка кога таа случајно го покажала синот Џејмс, а набрзо фотографијата е избришана од Инстаграм, со објаснување што се случило:
“Објавата на мојот син Џејмс беше грешка. Би сакала да можам да ви ги покажам децата, но одлучив да ги држам во приватност”, објаснила Петра за својот начин на заштита на децата.
Петра од пропаднатиот брак со 37 годишниот Џејмс Стунт со кој била 6 години веќе има три деца- ќерката Лавинија и синовите Џејмс и Ендрју. Со сегашниот вереник Сем се запознале пред две години, а бебето кое сè уште нема име е нивно прво заедничко дете.