„Никогаш не го кажав ова – бев силуван и физички злоставуван“
Поранешниот шампион во бокс Мајк Тајсон изненадно призна дека е сексуално малтретиран како дете.
Во изјава за „ЕСПН“, тој посочи дека во деновите на пубертетот доживеал тепање, но и силување од постар човек.
„Јас бев момче. Тој беше постар човек. Тој ме тепаше и сексуално злоупотребуваше. Никогаш не го видов после тоа. Научив дека не значи дека си помалку маж поради тоа што се случи“, рече Тајсон.