Никогаш нема да погодите кој е виновен зошто Џорџ заврши во брак со Амал

popara19 декември, 20205min0
profimedia-0431640971

Се дозна

Холивудскиот шармер Џорџ Клуни и адвокатката за човекови права Амал брзо станаа еден од најомилените парови во Светот, но на многумина им се чинеше дека тие двајцата станаа „невообичаен“ пар. За голема sвезда како 59-годишниот Џорџ, неговото запознавање со 17-години полмадата Амал и периодот на нивното излегување беа неверојатно малку покриени во медиумите, па многумина се прашуваа како двајцата се сретнаа за прв пат. „The Guardian“ пишува дека ги споил човек на кого никој не би помислил и кој многумина го сметаат за необичен и збунет политичар, британскиот премиер Борис Џонсон.

Имено, во 2014 година, Џорџ го промовираше филмот „The Monuments Men“, кој зборува за група луѓе посветени на заштита на највредните уметнички дела во Светот од паѓање во рацете на нацистите во Втората светска војна. Во тоа време, се разви јавна дебата во врска со т.н. Ергин мрамор или серија антички резби во мермер првично пронајдени на најпознатиот грчки историски споменик Партенон во Атина. Овие резби се наоѓаат во Британскиот музеј уште од почетокот на 19 век кога ги донел одреден благородник кој ги набавил под сомнителни околности. За време на промоцијата на филмот, новинарите го прашаа Џорџ дали резбите треба да се вратат во Грција, бидејќи тие беа извадени од таму со грабеж, а актерот рече дека смета дека треба, што Борис Џонсон, кој во тоа време беше градоначалник на Лондон, баш и не му падна добро.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma