Верувајте многу ќе ви се најде…
Од сите зачини, солта е дефинитивно најдобрата за решавање на секојдневните проблеми, пренесува Real Simple. Покрај што ни служи ѕа зачинување на храната, погледнете на кои уште се начини можете да ја користите во домаќинството.
Во сад измешајте една чаша ладна вода и половина лажичка сол. Додадете парчињата јаболко и оставете ја впијат течноста десет минути. Потоа добро исцедете ги. Пред да ги конзумирате, измијте ги со обична вода и тие ќе бидат свежи и вкусни.
Ладење пијалоци
Ако правите забава, овој трик ќе ви помогне да го оладите пијалокот побрзо. Исполнете го садот во кој се ладат пијалоците целосно, со мраз и сол. По само десет минути, вашиот алкохол ќе биде подготвен да ги освежи гостите.
Исчистете ја даската за сецкање
За да се ослободите од непријатните мириси од вашата даска за сечење, исчистете ја со сол. Ставете сол на даската и лесно тријте ја со влажна крпа. Исплакнете ја солта со топла вода и детергент за садови.
Ослободете се од мирисот на кромид на рацете
Едноставно измијте ги рацете со мешавина од сол и сок од лимон. Потоа измијте ги уште еднаш со сапун и ќе се ослободите од непријатни мириси.
Вратете го сјајот на стаклото
Ако имате стаклена вазна, кафемат или кое било каков тип на стакло што го изгубило сјајот, солта ќе го врати нивниот оригинален изглед. Измешајте неколку лажички сол со две лажички оцет додека не добиете смеса во вид на паста. Нанесете го на вашата стакларија и оставете да отстои 20 минути. Добро четкајте и потоа исплакнете со топла вода.