Актерката Никол Кидман наполни 53 години на 20 јуни, а таа сè уште плени со својот изглед.
Никол неколку пати истакна дека физичката активност е важна, но не и круцијална и дека не вложува натчовечки напори во вежбање, како што прават многу нејзини колеги. Актерката еднаш откри дека нејзината тајна лежи во умереноста.
„Мојата диета не е премногу рестриктивна. Јадам сè, но се обидувам да ги одржувам своите оброци умерени. Од ништо не се одрекувам. „Топол домашен леб со пармезан е мојата најголема страст“, изјави актерката за Лос Анџелес Тајмс.
Исто така, таа е многу активна и, како што вели, таа е полна со енергија.
„Секој треба да открие што му се допаѓа неговото тело. Јас го правам тоа и навистина сум полна со енергија “.