Пријателите не им недостасуваат , ниту игрите , и корона вирусот не им може ништо.
Задолжителното носење маски се всадува и во главите на нашите најмлади, а за тоа говори и цртежот на 11-годишниот Никола во кој е претставена детската игра во доба на корона.
Малиот Никола ги нацрта децата како играат во паркот. Она што е впечатливо е дека ниту едно дете во тој цртеж не е без маска.
Забележителни се и физичките растојанија меѓу децата, така што тие се заедно во паркот, но на одредено растојание.