Ова лето, апостолките се редизајнирани
Дали постои некој што не поседува барем еден пар папучи, популарно наречени апостолки? Тешко.
Ги носиме по дома, на плажа и всушност секаде каде можеме да помислиме.
Модната индустрија ги прилагодува за различни социјални прилики, а сега тие отидоа и чекор подалеку, така што покрај апостолките кои се носат во текот на денот, ги имаме и оние што се за вечерни излегувања, модерни и на високи потпетици.
Постојат и рамни, но елегантни. Тие не се класични, изработени од гума или платно, туку од кожа, која убаво ќе се вклопи со елегантен изглед, но без високи потпетици.,
Тие се носат со ленени пантолони, фустани, па дури и се вклопуваат со повеќе деловна верзија со сако.
Без оглед на кој начин да изберете да ги носите, верувајте дека нема да погрешите, затоа што тие се дефинитивно хит оваа летна сезона.