НОВА ДРАМА ВО СВЕТОТ! Паника на социјалните мрежи поради СУДНИОТ ДЕН! 21 декември е крај на светот?!

17 декември, 2020
teorija

Како што влеговме во 21 век, секоја година слушавме приказни и шпекулации за претстојниот крај на светот, апокалипсата, судниот ден.

Новите теории на заговор започнаа на крајот на втората деценија на векот, особено откако се појави приказната дека пророштвото на Маите е погрешно протолкувано и дека крајот на светот не требало да биде на 21 декември 2012 година, туку во 2020 година.

Античките Маи пресметале дека во 2012 или 2020 година, како што некој сака, Земјата ќе влезе во следниот сончев максимум, односно ќе комуницира со огромна црна дупка, што, пак, ќе донесе нејзин судир со планетата Нибиру.

Според астрономите и нивните пресметки, Јупитер и Сатурн навистина ќе бидат на растојание од само 0,1 степен едни од други на 21 декември, значи за 4 дена, што е една петтина од дијаметарот на полна месечина.

Пасторот Пол Бегли, почитуван во неговите кругови во САД, минатата година тврдеше, докажувајќи го тоа дури и математички, дека сме направиле сериозни грешки при толкувањето на пророштвото на Маите.

Секогаш кога Јупитер и Сатурн ќе се приближат толку едни до други, а следниот пат кога ќе го сторат тоа само за 500 години, следи катастрофа на Земјата. Последен пат ова се случи во 1623 година и беше хорор на целата планета. Маите велат дека 21 декември е ден на пресудата. Подгответе се на време – изјави Пол Бегли неколку пати.

Во последните денови владее целосен хаос низ социјалните мрежи, а теоретичарите на заговор, кои станаа многу популарни оваа година поради корона вирусот, добија нова доза на самодоверба за да шират паника.

Крајот на светот ќе се случи овој месец – нивната позиција е на Твитер и Фејсбук.

escort - Korsan taksi