Време е да започне да заработува
Откако се повлекоа од кралската должност на почетокот од оваа година и решија да продолжат да живеат во Америка, како „обични“ луѓе, војвотката и војводата од Сасекс, 39-годишната Меган Маркл и три годиним помладиот сопруг, принцот Хари, ја заинтригираа јавноста која често шпекулира за нивните нови занимања. Иако имаше гласини за разни извори на финансирање, според најновите списи на National Enquirer, принцот реши да го задебели буџетот на домаќинствoтo со отворање на јога студио.

„Јогата многу му помогна на Хари во справувањето со стресот и, иако неговата работа е на прво место со хуманитарните организации, Хари сфати дека мора да има уште побезбеден извор на приход за да го издржува своето семејство“, изјавил изворот за медиумите. Принцот реши да отвори јога студио во своето соседство исто така затоа што неговата свекрва, мајката на Меган, Дорија Рагланд, е инструктор по јога и ќе му помогне во работата.

Исто така, истиот извор рече дека пријателите на принцот забележале колку е опседнат 35-годишникот со идејата да отвори јога студио со кое ќе одржува семинари за ментално здравје. „Хари зборуваше со години за важноста од отстранување на стигмата околу темата на менталното здравје, така што ова ќе биде идеална комбинација“, заклучи изворот.