Никол Потуралски привлекува големо внимание со секој пост на Инстаграм откако беше објавено дека таа е новата девојка на Бред Пит.
Манекенката Никол Потуралски крена многу прашина минатата недела откако беше објавено дека таа е новата девојка на холивудскиот убавец Бред Пит. Потуралски не престанува да привлекува внимание и не престанува да го исполнува својот сè попопуларен профил на Инстаграм со предизвикувачки фотографии.
27-годишната убавица позираше во кожна јакна, под која не носеше градник. За само неколку часа, таа собра илјадници лајкови на фотографијата и бројни комплименти за нејзиниот изглед, а стотици обожаватели не криеја колку им е мило што се најде во прегратките на најпосакуваниот човек на светот.
Откако во јавноста протекоа вести дека Бред и Никол биле пар веќе некое време, откриено е и како се запознале. Пит ја забележал Потуралски пред една година во ресторан во Берлин, чиј сопственик е нејзиниот сопруг Роланд Марија. Манекенката сè уште е во брак со 68-годишниот Роланд, со кого има и син, но тој не ја коментираше нејзината врска со актерот, за која знае сè.
„Тие се уште се во брак, а таа врска може да се опише како отворен брак“, рекол извор близок на бринетата.
За Никол и Бред се верува дека го поминале летниот одмор на југот на Франција, каде што престојувале во имотот на Бред-Шато Миравал, кој тој и Анџелина го купиле заедно во 2011 година за 67 милиони долари, а токму таму се венчале во 2014 година.