Манекенката Џиџи Хадид, која очекува дете со пејачот Зејн Малик, ја документира својата бременост на Инстаграм преку серијал во живо, која го нарече Дневникот на Џиџи. Овој пат, таа разговараше со фановите за сè што поминува во незјината бременост.
„Сè што сакам деновиве е да носам широка гардероба. Последен пат сите ми кажаа дека не изгледам дека сум бремена. Но, јас вака изгледам постојано. Единствената разлика е“, рече Џиџи, а потоа започна да ја откопчува маицата, – пренесува TeenStar.„ Еве го мојот стомак. Тука е. Кога ќе го погледнете однапред, изгледа поинаку“, објасни таа, уште еднаш осврнувајќи се на коментарите во медиумите дека го крие стомакот од јавноста.
Џиџи додаде дека ја документира бременоста и дека ќе го сподели целиот процес со фановите „кога ќе биде подготвена за тоа“.
„Ве сакам сите и ви благодарам за позитивните пораки што ги добивам. Не брзам со соопштенија поврзани со бременоста, ќе видите сè кога ќе дојде време за тоа “, рече таа и додаде:
„Се обидувам да го снимам секој момент затоа што многумина ми кажаа дека не треба да пропуштам ништо, па дефинитивно ќе видите дел од тоа во иднината. Не брзам, во овој момент само сакам да ја искусам бременоста како што треба.“