Совршениот ајлајнер досега е познато дека нема да претрпи премногу експериментирање, заради утврденото правило како треба да биде: црно и прецизно нацртано.
Сепак, старите правила повеќе не се применуваат и препорачливо е да заборавите на претходната рутина и да внесете новини, не само во однос на целокупниот изглед, туку и во однос на ајлајнерот.
Обидете се со нешто спротивно на класичниот ајлајнер и започнете ново поглавје на начинот на кој се шминкате.
Неонските бои сериозно го тресат модниот свет и таа треска трае веќе некое време. Како резултат на тој тренд, имаме и очни капаци во неонски нијанси кои изгледаат навистина освежувачки на очите. Ова е дефинитивно тренд кој вреди да се проба ова лето!
Црвените смоуки очи се едни од најновите хитови кога станува збор за шминка за очи, па затоа не треба да не изненади што оваа боја сега ни доаѓа во форма на ајлајнер што изгледа навистина моќно, особено ако имате светли очи, пишува магазинот „Wannabe“.
Иако сме навикнати на идејата за ајлајнерот да биде видлив и со тоа да го дефинира целиот изглед на шминка, вие слободо може да заборавите на ова правило. За љубителите на минимализмот, има ајлајнер нацртан толку тенко и дискретно што е скоро невидлив, додека очите сè уште се истакнуваат и дефинираат соодветно.