Голема студија ја потврди врската помеѓу еректилната дисфункција и редовното гледање на порно филмови
Една неодамнешна студија потврди дека постои врска помеѓу еректилна дисфункција кај мажите и редовното гледање порно филмови.
Пред неколку дена беа објавени резултатите од истражувањето во кое учествуваа 3.267 мажи од Данска и Белгија, а добиените податоци ги изненадија сите.
Дури 23% од испитаниците постари од 35 години, кои редовно гледаат порно, изјавиле дека имаат големи проблеми со еректилна дисфункција.
„Бројката е многу поголема отколку што очекувавме. Откривме дека постои јасна врска помеѓу гледањето порнографија и еректилната дисфункција “, објаснува Гинтер де Вин, автор на оваа студија.
„Нема сомнение дека порно филмовите влијааат на нашето гледиште за сексот. Само 65% од испитаниците изјавиле дека сексот со партнерот е повозбудлив од гледањето порнографија, а исто така, 20% од испитаниците изјавиле дека гледаат поекстремна порнографија со цел да се добие на исто ниво на возбуда како порано. „Веруваме дека проблемите со еректилна дисфункција се должат на овој недостаток на возбуда“, заклучи Де Вин.
Друга студија, спроведена во Италија, на примерок од 3.244 мажи, покажа дека во претходните 10 години, бројот на припадници на посилниот пол кои се жалеле на пад на сексуалната желба се зголемил за дури 32 проценти.