Нови препораки на СЗО за заштитните маски: Дали ќе треба да ги носиме и во домот?

popara7 декември, 20201min0
profimedia-0555466260


СЗО вели дека кога луѓето примаат гости и кога не се во можност да одржуваат физичко растојание, треба да носат маски дома, и домаќини и гости. СЗО претходно препорача да се носат маски во преполни простории, а сега препорачуваат поширока употреба на маски во здравствени установи.

Медицинскиот персонал и работниците кои не се директно вклучени во болничката нега се исто така ставени на списокот на луѓе кои треба да носат маска во текот на целото работно време. Пациентите треба да носат маски во ситуации кога се во близок контакт со други.