Новиот дом на Меган и Хари во Малибу. Убаво бога ми :)

popara2 април, 20204min00
kukja

По истекот на нивните официјални титули, откриено  како изгледа новото семејно гнездо на Меган Маркл и принцот Хари во Калифорнија. Фотографиите од нивната вила во Малибу, каде парот, наводно, планираат да живеат – едноставно одземаат здив.

Некои можеби мислат дека некогаш популарната актерка Меган Маркл и нејзиниот принц Хари денес тагуваат, но не грижете сѐ – настапи Мегксит, но не ја симнуваат насмевката од лицето. Причината е што славната брачна двојка избра луксузна вила за нивниот нов живот, далеку од Британија. Имено, откако патувале од Ванкувер во Канада и се сместиле во Лос Анџелес, тие решиле дека Калифорнија во иднина ќе биде нивната база, затоа што имотот на кој „му фрлиле око“ им го обезбедува она што одамна го замислувале – ќе им го обезбеди чувството на изолираност.

Прекрасниот објект има осум спални соби, десет бањи, отворен базен, тениско игралиште, домашно кино, студио за играње и уште многу повеќе од тоа.

Имотот на кој се наоѓа вилата е ограничен со ѕидови.

Луксузната вила со базен во Малибу вреди неверојатни 5,4 милиони долари, пренесуваат странските медиуми. До сега, Меган и Хари беа сместени во Лос Анџелес во дом кој им го дал њујоршкиот богаташ Мајкл Хес, сопруг на пријателката на Меган, модниот дизајнер Мише Ноноу. Најголем плус, секако, е што мајката на Меган, Дорија Рагланд живее во соседството, како и Мег Гибсон, Дик Ван Дијк, Кејтлин Џенер и многу други.

Тие наводно веќе ја посетиле вилата за да видат дали се чувствуваат добро во неа, пред да ја потврдат одлуката со конечен одговор.

„Хари и Меган изјавија дека планираат своето време да го поминат малку во Велика Британија, малку во Калифорнија и тоа е она што тие го сакаат“, изјави извор за американските медиуми.

Погледнете ја луксузната вила што малкумина можат да си ја дозволат денес.

Во дворот на вилата има базен и летниковец.

Дрвениот летниковец е идеален за релаксација во топлите летни месеци.

Уредувањето на вилата е модерно, примарно со бели бои и со жолти детали.

Во дневната соба има удобен мебел каде лесно можат да се опуштат Меган, Хари и малиот Арчи.

Во долниот спрат на вилата има многу светлина што се должи на големите стаклени ѕидови.

Како што и прилега на една луксузна вила, таа располага и со кино сала и вински подрум.

За целосна уживанција, Хари и Меган треба да ги полнат полиците со винарски визби.

Вилата има и посебна просторија наменета за гледање филмови.

Баш како и другите куќи, луксузно се уредени спалните соби и бањите.

Од креветот во главната спална соба, Хари и Меган ќе гледаат во зеленило.

За ваква кујна многу жени сонуваат.

Во толку пространа кујна, секоја домаќинка ќе и завиди на Меган.

Не грижете се, покрај високите столчиња во кујната во оваа вила има пространа трпезарија веднаш до високата маса.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag