АКЦИСКИОТ трилер The Old Guard во кој глуми Шарлиз Терон е еден од 10те најпопуларни филмови на Нетфликс.
Исто така, ова е првпат една афроамериканска режисерка да се најде на овој список. Таа вест ја потврди и портпаролот на Нетфликс на Твитер.
“The Old Guard ги руши сите рекорди. Овој филм во кој глуми Шарлиз Терон се најде меѓу првите 10 најпопуларни на Нетфликс некогаш- а Џина Принц-Битвуд е првата афроамериканска режисерка на овој список”, пишува на официјалниот Нетфликс профил.
Шарлиз Терон во филмот е дел од тимот платеници кои се разоткриени, после што се принудени да се борат за своите животи.