Можеби црниот туш секогаш ќе остане незаменлив, но според последните трендови, една боја доаѓа блиску да стане новата класика.
Станува збор за белиот ајлајнер. Дури и Аријана Гранде (која е непрепознатлива без нејзиниот мачкест туш) му даде шанса на овој тренд.
Со белиот ајлајнер се појави во новиот спот на со Лејди Гага за песната Rain on me, на кој двете соработуваа, а ќе можеме да го слушнеме на новиот албум, Chromatica. Се чини дека и Гага не можеше да му одолее, која пак е ветеран во правењето уникатни, и помалку шокантни, модни комбинации.