Откако се откажала од својата успешна кариера во Холивуд, Kамерон Дијаз се посветила на домот и на улогата на домаќинка и сопруга. А од крајот на 2019 година и како мајка.
Пред пет години Камерон Дијаз била една од најбараните актерки во Холивуд. Но,откако го снимала нејзиниот последен филм во 2014 година, славната русокоса се повлекла од Холивуд и со сопругот Бенџамин Маден живееат нормален живот, далеку од црвениот тепих.
А потоа, сосема во тајност, станала мајка на Радикс и конечно ја добила улогата за која сонувала цел живот. Три месеци откако станала мајка, таа на својот Инстаграм профил споделила како се снаоѓа во новата улога.
“Уживам во улогата на мајка. Дефинитивно ова е најубавиот дел од мојот живот. Многу сум благодарна што ми се случи ова и што покрај себе имам прекрасен сопруг. Едноставно, уживаме во секој момент и среќни сме. Уште не можеме да поверуваме дека ова ни се случува, рекла таа.”
Открила и како изгледа нејзиногто секојдневие, а со оглед на тоа дека таа е во карантин веќе три месеци откако се родила ќерката Радикс, вели дека за неа нема некоја голема разлика целава ситуација.
“Секоја вечер готвам, единствено тогаш имам време за тоа. Прво ја капеме малата, а потоа Бенџи ја заспива. Тогаш јас влегувам во кујната и отворам шише вино. Мојот живот е карантин во последниве три месеци, па и нема некоја разлика, освен што сега не можам да си ги видам пријателите. Но, не се жалам, уживам во тој затворен балон.”
Ѕвездата од филмот “Чарлиевите ангели” се пошегувала изјавувајќи дека сега конечно знае како е да се жонглира во домашните задачи. “Готвам, чистам и се грижам за бебето, а најчесто сето тоа во исто време”, објаснила со насмевка на лицето.
Гитаристот Бенџи Маден неодамна изјавил колку е среќен што со својата сакана Камерон добил ќерка.
“Тие се нешто најдобро што ми се случило. Сопругата и ќерката ми го прават животот целосен. Многу сум благодарен за се”, изјавил гитаристот од бендот Good Charlotte.