Објавени потресните мемоари на славниот актер за врската со Анџелина Џоли

popara21 април, 20202min00
andjelina-dzoli-830x0

Вал Килмер (60) во новата книга “I’m Your Huckleberry” пишува за аферата со Анџелина Џоли (44), која ја запознал на снимањето на драмата „Alexander The Great“ во 2004 година.

Врската ја започнале по премиерата на филмот.

– Таа ме спаси, ме спаси од пеколна ледена осаменост … Ме спаси ангел, најголем од сите – Анџелина … Кога луѓето ме прашуваат каква е таа, секогаш им велам дека е како другите жени и други sвезди, но и многу повеќе. „Анџелина е многу поубава, многу помудра, многу потрагична, волшебна … Поприземјена од другите …“, напишал Килмер.

– Дали вредеше? Да. Секогаш вреди да се запознаат луѓето кои бараат многу напор за да почнеш да ги разбираш –  пишува Вал во своите мемоари.

Сепак, романсата не траеше.

Анџелина почнала со снимање на филмот „Г-н и г-ѓа Смит“, каде се заљубила во  Бред Пит, кој заради неа ја напушти тогашната сопруга Џенифер Анистон.

Од друга страна, Килмер неодамна се пожали дека води осамен живот со години.

– Немав сериозна девојка барем две децении. Заборавив како е кога човек е во врска – изјавил актерот.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag