Видеорецепт за огромен домашен KitKat стана хит на TikTok затоа што за него се потребни само две состојки.
Рецептот го сподели австралиецот Антос (19) на 19 октомври, а видеото е прегледано 118 000 пати.
„Денес се обидов да направам огромен KitKat“, рече тој пред да открие дека за тоа му биле потребни само две состојки – чоколадо и наполитанки.
Користел чоколадо Cadbury кое го стопил па го прелил во калап за торта, но може да користите какво било чоколадо. Потоа додаде слој наполитанки, повторно прели чоколадо и го повторуваше процесот додека не го наполни калапот.
Огромниот KitKat потоа го стави во замрзнувач преку ноќ.
Тој амбициозно се обиде да го напише TikTok на врвот на тортата, но не успеа.