Кога на 16 годишна возраст Лена Перминова (33) одлучила да го напушти семејниот дом во Новосибирск, Русија, не ни била свесна што ја очекува во животот. Таа се занимавала со продавање на екстази по клубовите по што и била уапсена, а и покрај тоа што решила да соработува со полицијата не и била ветена заштина, по што била осудена на 6 години и завршила во затвор и покрај смртните заканите од дилерот кој го издала.
- Јас во тој момент работев на кампања за донесување на закон за заштита на сведокот, бидејќи во рускиот правен систем не постоела можноста да се заштити сведок кој ќе сведоци против лица, и ми стигна писмо од татко то на Лена. Ги запознав обајцата и после неколку години почнавме да се гледаме со Лена – на времето изјавил сегашниот маж на Лена, поранешен КГБ агент и милијардер, филантроп и медиски магнат Александар Лебедов (60).
Нивната врска не започнала штом и помогнал да излезе од затвор. Лена започнала да се занимава со манекенство и се сликала за Playboy, по што го достигнала и врвот на модниот свет, а паралелно студирала и економија во Москва. Тие во брак се веќе 14 години и имаат 3 деца.
Така денес Перминова од сиромашно девојче денес е модна икона, со сопствена линија на здрава храна, а позната е и како голем хуманитарец и често организира акции за помош на деца.