Нашето срце е моќен орган – чука 100.000 пати во само еден ден, испумпувајќи пет литри крв низ нашето тело секоја минута за да ни обезбеди доволно кислород, хранливи материи, витамини, минерали… Нашиот начин на живот опфаќа 70% од факторите на ризик, додека гените се одговорни за само 30%.
Со други зборови, одредени навики трајно ќе го оштетат срцето и ќе старее побрзо од другите органи. Алкохолот, пушењето, прекумерната телесна тежина, па дури и стресот додаваат неколку години повеќе на срцето. Дека станува збор за сериозен проблем, покажа и големата британска студија во која откри дека четворица од пет возрасни луѓе имаат „старо срце“ и со тоа зголемен ризик од кардиоваскуларни заболувања, срцев удар или мозочен удар, пренесува магазинот Good Health & Wellbeing, кој ви нуди и тест што може да ви каже многу за вашето срце.
Во каква состојба е вашето срце? Одговарајте со Да или Не:
- Дали додека одмарате имате повеќе од 80 срцеви отчукувања во минута?
- Дали сте жена?
- Дали веќе ви е дијагностицирана срцева болест?
- Дали пушите?
- Дали имате дијабетес?
- Дали страдате од ревматоиден артритис?
- Дали имате било какви болести на бубрезите?
- Дали некогаш сте имале атријална фибрилација?
- Дали имате член под 60-годишна возраст со срцеви заболувања во вашето потесно семејство?
- Дали имате висок холестерол?
- Дали имате висок крвен притисок?
- Дали некогаш сте биле третирани за висок крвен притисок?
Резултат: Колку повеќе сте одговориле со Да, на толку повеќе фактори на ризик е изложо срцето и толку е постаро. Грубо кажано, за секое „Да“ можете да му додадете една година на срцето.