Состојки:
- 2 јајца
- 5 шолји шеќер
- 7 шолји брашно
- 2 шолји млеко
- 1 пакетче прашок за пециво
- 1 лажиче екстракт од ванила
- ¼ кисело млеко
- ½ кесичка ванилин шеќер
Земете еден голем сад, изматете ги јајцата со шеќерот. Ставете го маслото, потоа киселото млеко, на крај брашното. Матете со миксер. Додадете ги пецивото, ванилата и ванилиниот шеќер. Измешајте се убаво со миксер. Внимателно претурете од смесата во хартиените корпи. Ако немате хартиени корпи, ставете го тестото во калапи, претходно намрсени со маргарин и попрскани со брашно Внимателно претурете го филот во корпите или калапите, притоа внимавајќи да не ги преполните, колку и да сакате тоа да го направите, затоа што ќе претечат во текот на печењето. Во секој мафин, ставете по неколку вишни, претходно добро исцедени. Печете околу 30-35 минути во претходно добро загреана рерна на 250 целзиусови степени. Испечените мафини извадете ги од калапите и ставете ги на чинија да се оладат. Од оваа смеса излегуваат 24 мафини.