ОДРЖАН Е СВЕТСКИОТ ДЕН НА КНЕДЛИТЕ, еве ги трите симболи кои го обележуваат денот!

popara9 септември, 20201min0
1328017_1007-shutter-copy_ls

Светскиот ден на кнедлата беше одбележан за прв пат, а е воспоставен по иницијатива што беше покрената од Србија пред скоро еден месец  која беше поддржано од љубителите на ова традиционално јадење дури од 41 земја во светот.

Светскиот ден на кнедлите има за цел да ги зачува кнедлите во нивната традиционална форма на сливи, но и да ги мотивира сите оние кои се занимаваат со кнедли да продолжат да ги развиваат и подобруваат.

Трите симболи на датумот за одбележување на Денот на кнедлата, прво, затоа што крајот на август е времето кога зреат сливите, така што септември генерално може да се смета за месец на кнедлите, второ, две кнедли една до друга имаат форма на број осум (8) и трето, кога бројот осум е поставен во хоризонтална положба го добиваме знакот за бесконечност.

Љубителите на кнедли од Белград покренаа иницијатива за воспоставување на Светскиот ден на кнедли, преку петиција која е отворена на Инстаграм и Фејсбук. За само 10 дена, повеќе од 1.700 коментари за поддршка дури од 41 земја низ планетата ја поддржаа оваа идеја. Така, кнедлите, како едно од јадењата со најдолга традиција на светот, утре првпат ќе застанат рамо до рамо со сите јадења и пијалоци што ги запишаа своите денови во светскиот календар.