Одвојте четири минути на ден и научите да се сакате и почитувате себеси

popara10 април, 20201min00
Capture

Самосвеста и самозадоволството значи дека можете сами на себеси да си ја покажете љубовта и почитта што можете да ја покажете и да му дадете на некој друг.

Самосвеста и самодовербата е нешто што не доаѓа природно кај многу луѓе, а сепак, се потребни за да се живее живот полн со љубов и задоволство.

Постојат три аспекти на самопочитување и самозадоволство:

1. Ако сте задоволни и свесни за себе и се почитувате себеси, наместо да се осудувате

Самосвеста и чувството на задоволство, значи дека сами на себе можете да си ја дадете љубовта и почитта што можете да ја покажете и да ја дадете на некој друг.

2. Признавањето дека страдањето и чувството за несоодветност се дел од заедничкото човечко искуство

Сите грешиме. Понекогаш се чувствувате лошо и мислите дека можевте да направите нешто поинаку? Може да бидете свој најлош критичар, но кога сте строги со себе, ја одземате можноста да се покажете себеси во најдобро светло и да бидете најдобри.

3. Прифаќање и мирен ум

Вашиот внатрешен дијалог е важен. Ги создава вашите мисли кои создаваат емоции, и кои го водат вашето однесување. Значи, ако продолжите да си кажувате лоши работи за себе, тешко ќе можете да добиете добри резултати. Не се обесхрабрувајте ако сето ова ви звучи многу познато. Редовното вежбање на самосвесността и самодовербата е полесно отколку што мислите. Всушност, се што ви е потребно се четири минути на ден.

Чекор 1: Прво, размислете за нешто што се случува во вашиот живот, а притоа ви создава стрес што ве тера да чувствувате физичка непријатност.

Чекор 2: Откако ќе почувствувате стрес и непријатност, кажете си на себе „ова боли“ или „ова е момент на стрес“. Вака постигнувате мир во умот: посведочете за чувството, признајте го и немојте да се борите против него.

Чекор 3: Тогаш е време да си речете: „Сите ние се бориме“ или „И другите луѓе се чувствуваат така“ или „Јас не сум сам во ова“.

Чекор 4: Помислете на фраза што би можела да биде утешна; запрашајте се: „Што мора/сакам да слушам сега?“

– Ќе бидам трпелив со себе.

– Си простувам себеси.

– Ќе научам да се прифатам себеси таков каков што сум.

– Ќе си го дадам сочувството кое ми е потребно.

Оваа вежба можете да ја користите во секое време, на било кое место и ќе трае само неколку минути. Ќе ви помогне полесно да се засакате себеси и да не бидете строги кон себе.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag