Ниту еден претседател на Соединетите држави не уживал во брза храна во толкава мера, како што е случајот со Доналд Трамп, мултимилионер, кој за време на неговото претседателствување ги имаше на располагање најдобрите готвачи на светот
И покрај ова, тој често ги замолуваше да му служат брза храна, а во неколку свои интервјуа отворено признаваше дека ужива во хамбургери, пици и пржено пилешко, но сепак се грижи за внесот на јаглени хидрати, па затоа кога ќе консумира пица јаде само фил, додека го остава тестото на чинија. За време на една посета на Јапонија, Трамп одби да јаде суши со образложение дека никој не ќе го присили да консумира свежа риба, наместо да јаде хамбургер од Мекдоналдс.
Трамп е исто така голем обожавател на месо, сака да јаде добро печени шницли, а сака и слатки, особено сладолед со вкус на ванила. Но, затоа не пие алкохол, туку посегнува по пијалоци со намалена количина шеќер.