ОН: Ментална здравствена криза како резултат на последиците од пандемијата

popara8 јули, 20201min00
Naslovna

Кризата со менталното здравје е на хоризонтот бидејќи милиони луѓе ширум светот се опкружени со умирање и соочување со изолација, сиромаштија и нервоза поради пандемијата „ковид-19“, предупредуваат денеска експертите за здравство на ОН.

„Изолација, страв, неизвесност, економски последици – сето ова предизвикува или може да предизвика психичко нарушување“, рече Деворах Кестер, директор на одделот за ментално здравје на Светската здравствена организација. Таа на презентацијата на извештајот и препораките за ковид-19 и менталното здравје рече дека бројот на заболени и сериозноста на менталните заболувања веројатно ќе се зголеми и дека владите треба да посветат максимално внимание на овој проблем при преземање дејства.

Во извештајот се посочуваат повеќе сегменти на општества кои се ранливи на ментални нарушувања, вклучително и деца и млади изолирани од пријатели и училиште, до здравствени работници кои гледаат илјадници заразени и умираат од новиот коронавирус.

Новите студии покажуваат дека ковид-19 веќе има влијание врз менталното здравје на глобално ниво. Психолозите велат дека децата се вознемирени и дека е забележано зголемување на бројот на случаи на депресија и вознемиреност во неколку земји.

Семејното насилство е исто така во пораст, при што здравствените работници пријавуваат зголемени потреби за психолошка помош. Ројтерс минатата недела напиша за докторите и медицинските сестри во САД кои велат дека тие или нивните колеги доживуваат комбинација на паника, вознемиреност, тага, вкочанетост, иритација, несоница и кошмари. Милиони луѓе се соочуваат со економски последици бидејќи изгубиле приход или тоа би можело да им се случи, се вели во извештајот. Честите дезинформации и гласини за пандемијата и голема неизвесност за тоа колку ќе трае тоа ќе предизвика нервоза и безнадежност на луѓето кога станува збор за иднината, се додава во документот.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma