Том Круз години наназад е посветен на Сиентолошката црква, заради што му пропадна и последниот брак со глумицата Кејти Холмс со која ја имаат 14-годишната ќерка Сури.
Како што се затворија сите хотели, Круз останал во луксузното седиште на Сиентолошката црква во West Susseex. Според пишувањата не медиумите, таму му се придржиле и неговите три сестри со своите партнери и децата. Инаку, тие исто така и припаѓаат на Сиентолошката црква.
Том одлучил да го продолжи престојот во Лондон бидејќи неговиот пријател и лидер на верската заедница Дејвид Мискејвиџ е таму. Глумецот со нив и неговата фамилија го прославил Божик и Нова Година во Велика Британија. Последните неколку месеци, Круз често доаѓал во Лондон со својот приватен авион.
Глумецот во луксузната вила на Сиентолошката црква, се дружи со Сам Доминго, снаа на познатиот оперски пејач Пласид Доминго. И таа е добра пријателка со лидерот Мискејвиџ.
Според Daily Mail, Круз во последно време ја разгледува опцијата трајно да се пресели во Лондон со својата фамилија. Тој и порано имал луксузна вила со шест спални соби во East Grindstead која ја продал во 2016 година за шест милиони долари на пејачот Питер Андре.
Глумецот минатата година на премиерата на филмот „Jack Reacher„ изјавил дека Велика Британија е одлична земја за живот. Инаку, неговиот внук е дел од персоналот на Сиентолошката црква, а Круз со него и остатокот на фамилијата ужива во имотот во Лондон чија обнова чинела 16 милиони долари. Нив ги послужува угледен кувар-шеф кој некогаш работел во ресторанот на Гордон Ремзи кој има Мишелинка. На располаѓање имаат и теретана.
Колку што се грижи за лидерот на култот, сестрите и вниците, Круз не го посветува истото внимание за 14-годишната ќерла Сури која ја има со глумицата Кејти Холмс. Неколку пати излегла информација во јавноста дека воопшто не ја гледа.
Том Круз зад себе има три пропаднати бракови, а во сериозна врска не бил уште од 2012 година кога се разделил од Кејти.
Како потсетување, Том претходно бил во брак со глумицата Мими Роџерс, па со Никол Кидман со која има две деца. Тој бил тој кој во 2001 година ги предал документите за развод, наводно дека така го советувале во црквата. Мими всушност и го вовела во светот на контроверзната сиентлогија, заради која тој надводно се разделил од Никол и од Кејти.
Том веќе со години е залуден по таа вера и многумина тврдат дека тоа не е ништо друго освен перење мозок и извлекување на пари ос „славни следбеници!.