Во секојдневие исполнето со совети за здравје и фитнес, се соочуваме со огромната иронија: опседнати сме со слабеење, а никогаш досега не сме биле подебели, но тоа е затоа што околу вас постојат работи за кои се грижите, а не се воопшто важни за слабеење. Најчесто прашање е “што да направам, а да го подобрам здавјето и изгледот“, но овој пристап е погрешен.
Многу подобро прашање е “околу што треба да престанам да се грижам и да го подобрам моето здравје и изглед“? Потребна ви е стратегија, а всушност работите околу кои се грижите, а кои не се битни за слабеење, се поголем проблем од самото губење на килограми. Затоа е важно да дознаете кои се петте работи поради кои се грижите, а не се важни за намалување на килограми.
1. Чести оборци
Можеби најчест мит кој штети на фитнесот, е оној кој тврди дека треба да јадеме почесто, но помала количина, за да имаме побрз метаболизам, а со тоа да не се “изгладнуваме“ и да намалиме килограми. Ова вас ве оптеретува и околу тоа се гришите, а всушност не е воопшто битно за губењето на килгорами. Постоја нула научни докази дека тоа е точно, а ниту една студија не покажа дека честите оброци влијаат врз тежината.
2. Точно време за секој оброк
3. Избор на храна
Модерните, привремени диети наводно го кријат “клучот“ за губење на килограми. Повремената конзумација на слатко или омилени газирани пијалоци нема да ве здебелат, се додека не внесувате премногу калории.
4. Вежбање
Верувале или не, не треба да вежбате за да намалите килограми. Ќе изгубите килограми доколку согорувате повеќе енергија отколку што внесувате, но тоа може да биде и намалување на внес на калории, а не само на нивно трошење преку вежбање. Вежбањето е важно, но подобро е да се фокусирате на вежби во кои уживате. Додека се чувствувате добро, вежбањето нема да биде работа околу која ќе се гржите, туку преку која ќе се чувстувате задоволно.
5. Премногу јаглехидрати или внес на масти
Речиси секоја популарна диета наведува дека конзумирањето на јаглехидрати или масти не дозволува намалување на килограми, но тоа не е точно. Се додека калориите се под контрола, нивното внесување нема да ви прави проблеми. Оптималниот внес на масти и јаглехидрати е индивидуален, врз основа на неговото ниво на активност и начин на живот.
Заклучок:
Доколку внесувате помалку калории отколку што согорувате, ќе намалите килгорами. Тоа е донекаде научно непобиена вистина денес.