Оро кога ќе пристигне гулашот,а кога ќе ја стават свадбената зелка… : Правила од српската венчавка за кои сите зборуваат

15 септември, 2020
people-25958621280-830x0

Музичарите добија детални упатства пред венчавката

Сонот на секоја невеста е нејзината свадба да помине без пречки и денот кога таа ќе го каже „судбоносно да“ на својот сакан да биде најсреќна на светот. Сепак, ретко се случува свадба да помине без нешто да тргне наопаку. Во повеќето случаи, ова се случува кога некој пијан сват ги „влече“ музичарите на својата маса со евра и ја „убива“ свадбата со избирање песни.

За да не се случи таква ситуација, беше организирана една свадба со строг правилник за музичарите.

Фотографијата која кружи на социјалните мрежи го насмеа целиот регион, а интернетот правеше шеги со семејствата цело утро. Иако не е познато каде се одржа оваа венчавка (се верува дека е во Србија), и дали музичарите се придржуваа на се што им беше наредено да направат, ние ви донесуваме список со најинтересните правила што требаше да ги следат.

Освен задолжителното „следење на протоколот“, музичарите мораа да ги знаат сите стари свадбени песни. Во случај да не знаат кои се, нивното семејство јасно го истакна и посочи посакуваниот репертоар – од „Veseli se kucni domacine“ преку „Trepeljike“ до „Prijo mоја“…

На музичарите им беше истакнато дека по враќањето од венчавката, најпрво влегуваат гостите во салата, а потоа и младенците, кои ќе бидат пречекани со претходно подготвена најава и песна, цитираме „Mars na Drini “.

– Кога младенците ќе седнат на своите места, прво свекрвата им служи мед и вода, ја дарува невестата, а потоа на младенците им дава благослов придружени со виолина со лесна мелодија – стои во долгиот правилник.

Тоа не беше крајот … Музичарите мораа да ги следат правилата на првиот танц, а потоа да го објават обраќањето на домаќинот пред ручекот.

– Со одобрение од домаќинот или родителите на младоженецот, откако ќе се одигра орото (приближно кога ќе се стави чорбата), ќе објавите: „Сега ќе направиме пауза со најубавите српски реклами …“ – се нагласува во соопштението.

Имаше посебен протокол за вадење на свадбената зелка, а на музичарите строго им беше наредено ни случајно да не свират „жалопојки“.

Се надеваме дека младенците одлично се забавуваа!

escort - Korsan taksi