Припадничките на понежниот пол, кои се сами и депресивни, имаат повеќе сексуални партнери и почести сексуални односи, покажува студијата на британскиот медицински журнал.
Студијата вклучува жени кои страдаат од разни форми на депресија и жени кои немаат такви проблеми. За време на ова истражување беа земени предвид различни фактори, како што е љубовниот статус. Истражувањата покажаа дека депресивните жени „копнеат по секс“ и многу повеќе се склони да експериментираат со секс.
Главната причина за повеќе промискуитетно однесување на депресивните жени, истражувачите гледаат во потребата од ендорфин, хормон наречен хормон на среќата, кој се лачи за време на сексуалниот однос. – Жените кои страдаат од депресија го користат сексот како бегство од своите ментални проблеми.
Кога луѓето се депресивни, тие се чувствуваат многу понесигурни кога станува збор за врските и се загрижени дека нивниот партнер не се грижи доволно за нив, а сексот им помага да почувствуваат поголема емоционална близина, односно самодоверба – се наведува во оваа научна студија.
Воздржаноста е опасна
Истражувачите забележале дека друга студија покажала дека, во однос на расположението, луѓето кои немаат редовни сексуални односи често страдаат од разни форми на депресија, гнев, фрустрација и сомневање во себе, што создава можност за хронична депресивна состојба.