Последната желба на легендарниот актер Драган Николоќ му била да го запознае Новак Ѓоковиќ, открива тенискиот експерт Радмило Арменулиќ.
Желбата не му се исполнила, иако неговата сопруга, актерката Милена Дравиќ непосредно пред смртта разговарала по телефон со Новак повеќе од еден час и договарала изненадување за Драган. По неполни три години и таа почина.
Иако сакал да го запознае Новак и тоа му била голема желба, Драган не успеал, бидејќи кога паднал во кома, не препознавал луѓе повеќе.