Откриено е со кого Бред Пит ќе го помине Божиќ

23 декември, 2020
бред

Оскаровецот Бред Пит буквално не ги видел шесте деца што ги има со поранешната сопруга Анџелина Џоли откако се разведоа пред четири години.

Нивната борба за старателство над децата сè уште трае на суд, но Бред веќе оствари мала победа што ќе го исполни неговото срце со топлина на Божиќ.

Имено, US Weekly пишува дека неговите три биолошки деца, 14-годишната Шајло и 12-годишните близначки Нокс и Вивиен, Бадник ќе го поминат со својот татко во неговата куќа, додека Анџелина ќе украси борово дрво во својот дом со нивните три посвоени деца, 19-годишник Медокс, 16-годишниот Пакс и една година помладиот Захар.

Божиќното дружење на Бред со децата ќе биде огромна работа, но нивното време, за жал, ќе биде строго ограничено. Извор близок им порача на поранешната актерска двојка дека на децата им е дозволено да бидат со нивниот татко само на Бадник.

„Анџелина и Бред размислуваа да го поминат Божиќ со своите деца на почетокот на годината, но како што се интензивираше нивната борба на суд, тие ги сменија тие планови“, објасни доверлив извор. Тој верува дека поранешните сопружници се подеднакво одговорни за нивната „драма која никогаш не запира“. „За жал, секундарните жртви во сето ова се нивните деца“, заклучил изворот.