Совршената фигура на крајот од петтата деценија, со сигурност и овозможува на згодната Колумбијка да го носи било кој модел на костими за капење. Сепак, таа се одлучи за едноделен костим, кој навистина прилега на секое тело.
Не станува збор за сосема затворен крој, кој не би овозможил сончевите зраци да допрат до вашата кожа, туку за стратешки распоредени делови, кои покриваат и откриваат баш онолку колку што е потребно.
Стилски изразеното деколте продолжува во доволно широки отвори, кои под рацете се движат кон грбот, така што им даваат доволна поткрепа и на поголемите гради. Тесниот крој на половината е нагласен со отворени делови кои се движат преку стомакот, но, сепак и овде материјалот може да прекрие евентуални несовршености.
Играта којашто е изведена од самиот материјал, овозможува и долниот дел на костимот да биде “длабок”, па така нема да имате проблем ниту при седење.