Пристигна интересна вест за еден од имотите што ги поседува Лепа Брена во Мајами.
Агентите на холивудската пејачка и актерка Џенифер Лопез веќе долго време се распрашуваат за луксузниот имот на убавата Лепа Брена во Мајами, пренесува Курир.
Станува збор за вила чијашто вредност се проценува на околу 900.000 евра, со 400 квадратни метри, и се наоѓа веднаш крај брегот на океанот.
Куќата сега служи за семејни одмори, а Брена е воодушевена од информацијата дека Лопез е заинтересирана за имотот, но таа објасни дека за жал вилата не е на продажба.
„Куќата не е на продажба, но Џенифер Лопез секогаш можеме да ја угостиме на вечера“, изјави таа за овој весник.