Ова е рутината на која Емили Ратајковски може да и заблагодари за својата линија

popara5 септември, 20201min0
216337_profimedia0510324145_ls


Овој 29-годишен модел може да се пофали со беспрекорна линија, но и совршен тен кој буквално блеска. Но, освен очигледно одличната генетика, заслугата за овој изглед може да се припише и на начинот на живот што го води Емили

Диета и физичка активност на кои таа се потпира за одлична форма. Што јаде Емили Ратајковски? Денот на Емили започнува со нејзиниот вообичаен појадок, кој се состои од црно кафе и колачи или кафе и тост, гранола или едноставно – јогурт. По појадокот во кој внесува малку јаглехидрати, Емили за ручек избира квалитетно парче месо и малку зеленчук. Доколку е потребно, таа посочува дека треба да се почасти со сендвич, но месото и зеленчукот се неизоставен дел од овој оброк.

View this post on Instagram

monday💤

A post shared by Emily Ratajkowski (@emrata) on

Закуската по која ќе посегне Емили Ратајковски е обично некое смути направено од свежо овошје и зеленчук, а нејзините омилени состојки за ова смути се куркума и сок од цвекло. Куркумата како природен антиоксиданс помага во исфрлање на токсините, а цвеклото е богато со растителни влакна, минерали и витамини кои придонесуваат за дигестивниот систем, метаболизмот и здравјето на кожата.

Вечерата е време за Емили да се опушти, па затоа таа или ја поминува со пријателите или во мирот во својот дом. Ова е време кога таа со задоволство ќе јаде суши, но и некои други азиски специјалитети, обидувајќи се да го ограничи внесувањето сол и нездрава храна.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag