Манекенката Криси Тејген последниве неколку дена е главна тема на светските медиуми, поради операцијата за намалување на градите, особено откако покажа како изгледа по неа и призна дека се чувствува многу подобро.
Криси (34) и нејзиниот сопруг, 41-годишниот пејач Џон Легенд, моментално уживаат со своите деца во луксузот во нивната куќа во Мексико. Таа одбра костим за капење со отворено деколте, и затоа му било тешко на нејзиниот сопруг Џон да ги тргне очите од неа.
Криси ги отстрани своите импланти на градите во јуни годинава и не крие колку е воодушевена од резултатите, па на својот профил на Инстаграм објави видео во кое меси тесто во кујната, облечена во бикини, а ова беше воедно и првата јавно објавена фотографија по операцијата.
Криси се омажи за Џон Легенд во 2013 година на свечена церемонија во Италија, откако тој ја запроси во 2011 година, а парот се има запознаено во 2006 година додека снимaле музички спот за песната „Stereo“. Пејачот својот успешен сингл „All Of Me“ го посвети на својата сопруга. Тие имаат две деца, ќерка и син.