Најновиот пост на пејачката Северина Којиќ веднаш предизвика вистинска бура на социјалните мрежи!
После долго време, Северина објави заедничка фотографија со сопругот Игор Којиќ и му честиташе роденденот!
„Среќен 33 роденден на ова прекрасно машко суштество!“, му честита Севе на Игор со својот познат хаштаг “volim što se volimo” и “ljubav se ljubavlju vraća”.
Веќе долго време се шпекулира за нивниот брак, за тоа дали се заедно или се разведени. Северина го прослави роденденот во Загреб, а во моментов е во Сплит, додека пак Игор остана во Белград.
Сепак, најновиот пост на Северина повторно поттикна бројни коментари и воодушеви многумина.