Изненадувачки резултати од новата студија
Пред сегашниот и досега најсилен бран на епидемијата, 20,7 проценти од населението во Македонија се здоби со имунитет на корона вирусот, а најотпорни се оние под 19 години, покажуваат резултатите од втората национална студија за серопревенција SARS-CoV-2.
Според таа студија секоја трета или 31,8 проценти во оваа возрасна група има IgG антитела, односно природно стекнат имунитет откако биле заразени.
Резултатите од студијата покажуваат дека во овие области, скоро секоја петтина, односно 23,1 процент од населението има антитела.
Студијата е спроведена на репрезентативен примерок од 1.200 домаќинства или вкупно 2.500 испитаници.
Наодите од студијата спроведена од Институтот за епидемиологија на Медицинскиот факултет во соработка со Институтот за примена на нуклеарната енергија допрва треба да бидат објавени, а директорот на Институтот потврди само дека е завршена и дека ќе биде објавена наскоро.