Неправилно обликуваните веѓи можат да го уништат вашиот целокупен изглед, внимавајте на овие нешта.
Секој од нас има различен облик на веѓи па со самото тоа не би требало „слепо“ да ги копирате модните трендови, затоа што едноставно – не се за секого. Сепак, ској од нас сака да направи некоја промена, но најчесто погрешната шминка во ова подрачје од лицето може да ја уништи целосната слика, дури и ако се останато е совршено. Ова се најчестите грешки при исцртувањето на веѓите, па внимавајте на нив следниот пат.
1.Јасни линии
Веднаш се забележува дека сте се труделе да ги обликувате веѓите и тоа изгледа сосема неприродно. Јасните линии можат да ги променат цртите на лицето, но не на подобро.
Совет:
Правете лесни потези со молив за веѓи кој имитира природни влакна. Тоа правете го само на местата каде што има празнини. Не занемарувајте го природниот облик со шминката можете само да ги нагласите.
2.Премногу шминка
Силната боја од почетокот на веѓите до крајот само ќе ве направи да изгледате постаро.
Совет:
Почетокот на веѓите треба да биде посветол во однос на замиот крај. Обидете се да направите благ „премин“ од посветла кон потемна боја, за крај обавезно прочешлајте ги веѓите со специјална четкичка.
3.Неуредни влакна
Доколку влакната на веѓите растат во различна насока и имате проблем да ги одржите во ред користете гел за фиксирање, можете да користите и таков во боја кој додатно ќе ја нагласи нивната текстура.