Големиот хит на бендот The Cranberries, Zombie достигна 1 милијарда прегледи на YouTube.
Досега ова го имаат достигнато само две песни од 90-тите години: Хитот на Nirvana „Smells Like Teen Spirit“ и песната „November Rain“ (Guns N ‘Roses).
Песната е објавена во 1994 година, и иако брзо стана светски хит за кој сè уште се слуша денес, малкумина знаат за што навистина се работи песната.
Вкупно, само шест спота снимени пред 2000-та година ја достигнаа оваа бројка. Покрај оние што се наведени, Bohemian Rhapsody на Queen, Sweet Child O’Mine на Guns N ‘Roses и песната Take on Me на групата A-ha.
Не е изненадувачки што членовите на The Cranberries, исто така, се пофалија со овој успех на социјалните медиуми.
„Задоволни сме што Zombie достигна милијарда прегледи на YouTube. Сигурни сме дека и Долорес исто така има голема, горда насмевка на лицето. Благодарност до сите фанови во светот кои со години нè поддржуваат. Се надевам дека сте здрави и безбедни во ова бизарно време и дека успевате да најдете надеж и позитива во нашата музика“, напиша тапанарот Фергал Лолер.
Пејачката на овој бенд Долорес О’Риордан за жал не го доживеа овој успех. Таа одеднаш почина во почетокот на 2018 година. На само 47 години, таа беше пронајдена мртва во хотелска соба во Лондон.