КОРТНИ КАРДАШИЈАН конечно откри зошто го напушти семејното реално шоу Keeping Up With The Kardashians.
После 13 години Кортни одлучи да стави ограничување на своите појавувања пред камерите бидејќи се чувствувала неисполнето и смета дека атмосферата во шоуто е токсична.
“Шоуто го снимам нон-стоп веќе 13 години, 19 сезони и 6 спин-оф сезони. Се чувствував неисполнето и тоа стана токсично опкружување за мене кое заземаше голем дел од мојот живот”, изјави таа за Vogue Arabia. Исто така објасни дека ја негува својата приватност, што и било тешко додека постојано била во медиумите.
“Приватноста е нешто што го ценам и тешко е да се пронајде рамнотежа помеѓу приватните моменти и појавувањето во реално шоу. Луѓето мислат дека не сакам да работам, што не е вистина. Ја следам својата среќа и вложувам енергија во она што ме прави среќна”, додаде Кортни.
Нагласи и дека се труди да не го користи мобилниот телефон кога е со своите деца.
“Секогаш се трудам да не седам на телефонот кога сум со децата, да бидам присутна во тоа што го правиме и да имаме моменти во кои се гледаме во очи и се поврзуваме. Тоа е многу важно”, заклучи.
Реалити ѕвездата се одлучи на постепено заминување од шоуто откако тензиите меѓу славните сестри доведоа и до физичка пресметка во една од епизодите. Имено, Ким и Кортни се туркале, а камерите го забележале тоа.